ГРУПА А:
· ФК Куманово
· ФК Милано
· ФК Биджо
· ФК Караџов
ГРУПА Б:
· ФК Еуроспорт (Куманово)
· ФК Башкими
· ФК Ринија
· ШФ Престиж (Врање, Србија)
По натпреварите во групната фаза, најдобрите екипи продолжија во полуфиналето, каде што следуваа возбудливи пресметки за пласман во големото финале.
ПОЛУФИНАЛЕ:
· ФК Еуроспорт – ФК Биджо 2:1
· ФК Караџов – ШФ Престиж 4:0
Во натпреварот за третото место, екипата на ШФ Престиж од Врање беше поуспешна од ФК Биджо, славејќи убедлива победа од 5:0.
НАТПРЕВАР ЗА ТРЕТО МЕСТО:
· ШФ Престиж – ФК Биджо 5:0
Големото финале донесе вистинска фудбалска неизвесност. ФК Еуроспорт и ФК Караџов одиграа нерешено 2:2 во регуларниот дел од натпреварот, по што победникот беше одлучен со изведување пенали.
Повеќе среќа и концентрација имаа младите фудбалери на Еуроспорт, кои славеа со 4:3 и го освоија победничкиот пехар.
КОНЕЧЕН ПЛАСМАН:
1.
ФК Еуроспорт (Куманово)
2.
ФК Караџов (Скопје)
3.
ШФ Престиж (Врање, Србија)
4.
ФК Биджо (Куманово)
Турнирот се одржа во рамките на
AFT FUTURES TOUR, што на остварените резултати им даде дополнително значење во борбата за што подобар пласман на
AFT ранг-листите.
Шестото издание на овој традиционален спортски настан уште еднаш покажа дека фудбалот е одлична можност за поврзување на младите спортисти, клубовите и градовите
На двете игралишта во Куманово владееше убава спортска атмосфера, исполнета со детска радост, натпреварувачки дух, поддршка од тренерите и родителите и искрено дружење меѓу учесниците.
Победничкиот трофеј остана во Куманово, но вистински победници беа сите деца кои со својата игра и однесување придонесоа овој празник на детскиот фудбал да биде достојно одбележување на Денот на ослободувањето на градот.