Генерацијата 2015 ќе настапи во формат 7+1, генерациите 2016 и 2017 ќе играат 6+1, додека најмладите генерации 2018 и 2019 ќе се натпреваруваат во формат 5+1.
Распоред на натпреварите:
Сабота, 28 ноември 2026:
• Генерација 2016 – формат 6+1
• Генерација 2018 – формат 5+1
• Генерација 2019 – формат 5+1
Недела, 29 ноември 2026:
• Генерација 2015 – формат 7+1
• Генерација 2017 – формат 6+1
FOOTBALL WINTER MINI CUP 2026 ќе се одржи во рамките на системот
AFT FUTURES TOUR, што на постигнатите резултати и освоените одличја ќе им даде дополнително значење во борбата за што подобар пласман на
AFT ранг-листите.
Пред нас се два дена исполнети со фудбал, дружење, натпреварувачки дух и незаборавни моменти! Доjран ќе биде место на кое најмладите фудбалери ќе ја споделат својата љубов кон фудбалот и ќе создадат нови спортски пријателства.
На сите учесници им посакуваме многу среќа, успех и вистинско уживање во фудбалската игра!