Latest News

18.11.2026.

AFT СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА: ВО СРЕДИНАТА НА НОЕМВРИ

Naslovna slika AFT Ranking AFT Severna Makedonija

Минатиот викенд немаше турнири во Северна Македонија што се бодуваа за АФТ. Ноември е месец кога завршуваат редовните фудбалски лиги и од фудбалските терени се преминува во балони, сали и спортски центри.

Време е за почеток на зимските лиги, кои ќе бидат главниот вид натпреварување сè до февруари или март.

Нашиот повик до организаторите на зимските лиги да ги организираат завршниците на тие лиги во форма на турнири што би влегле во АФТ системот е постојано отворен.


Преминуваме на извештајот по генерации:

ГЕНЕРАЦИЈА 2014.
Дваесет и осум екипи се на табелата на оваа генерација. На водечките позиции се следните екипи:

1. FK KUMANOVO EUROSPORT
2. FC YOUNG TEAM, Струга
3. KF ARSIMI, Чегране
4. (три екипи ја делат четвртата позиција) FK BIDŽO (Куманово), FK BUTEL 2017 (Скопје) и FK BELASICA (Струмица)

Интересно за оваа недела е тоа што само осум екипи (од споменатите 28) освојувале бодови на 2 турнири, додека сите останати тоа го направиле на само еден.

Тоа значи дека бодовната разлика е многу мала и дека постојат големи шанси (доколку се организира поголем број турнири за оваа генерација) пласманот на екипите брзо да се промени.

Чекаме да видиме што ќе ни донесе зимата и колку бодови екипите ќе освојат на „салските“ турнири. Дотогаш, следете го ОВОЈ ЛИНК, доколку сакате оваа генерација да ви биде „на око“.

ГЕНЕРАЦИЈА 2015.
Бројот на екипи што освоиле АФТ бодови во оваа генерација е 32. Најдобро пласирани се, моментално:

1. (две екипи го „чуваат“ врвот) FK BOREC JUNIOR, Велес и FC PARK CITY, Скопје
2. FK FORCA, Скопје
3. (оваа позиција ја делат три екипи) FK EVROFUDBAL, Охрид; FC YOUNG TEAM, Струга и FK PELISTER, Битола

Интересно за оваа недела се однесува и на бројот на турнири на кои екипите учествувале, поточно, на кои освојувале бодови. Најмногу такви турнири има FK FORCA, клуб кој освоил АФТ бодови на дури 5 турнири.

Веднаш зад нив е FC YOUNG TEAM, кој може да се пофали дека освоил бодови на 4 различни турнири оваа сезона. Одреден број екипи го направиле истото на 3 турнири, па можеме да кажеме дека генерацијата 2015 имала повеќе можности да освои АФТ бодови (иако нема многу повеќе екипи на нашата ранг-листа).

Ако го искористите ОВОЈ ЛИНК, можете да проверите на кои турнири најмногу се освојувале бодови.

ГЕНЕРАЦИЈА 2016.
Дваесет и шест екипи ја сочинуваат ранг-листата на оваа генерација, а интересен е пласманот на првите пет:

1. AF ALEXANDRO, Скопје
2. FA ULTRAS KIDS, Струга
3. ŠF GROZDANOSKI, Скопје
4. FC YOUNG TEAM, Струга
5. FK FORCA, Скопје

Зошто е интересен овој пласман? Како прво, постои изедначен распоред Скопје–Струга–Скопје–Струга–Скопје меѓу нив; а како второ – ова се единствените 5 екипи на табелата на оваа генерација што освоиле бодови на повеќе од 2 турнири.

Всушност, првите две го направиле тоа на по 4 турнири, додека останатите оствариле успех на по 3 турнири. Сите други екипи во оваа генерација освојувале АФТ бодови на еден или два турнири.

Дали овој распоред на врвот на табелата ќе се задржи и во текот на зимата, можете да следите преку ОВОЈ ЛИНК.

ГЕНЕРАЦИЈА 2017.
Најбројната генерација во АФТ системот има 35 имиња на ранг-листата.

Пласманот на првите пет најуспешни клубови, според бројот на освоени бодови во тековната сезона, е:

1. FC YOUNG TEAM, Струга
2. FK AERODROM, Скопје
3. FC AZZURI KIDS, Радовиш
4. FK FORCA, Скопје
5. FŠ EDEN NA EDEN, Могила

FC YOUNG TEAM има најмногу собрани АФТ бодови, а тоа го постигнал и на најмногу турнири – дури 5.

Сите останати екипи го направиле тоа на 3 или помалку турнири, па затоа лесно може да се објасни големата бодовна разлика меѓу нив.

Дали зимата ќе ни донесе нови турнири во оваа генерација и која екипа најдобро ќе ја искористи можноста, можете да следите на ОВОЈ ЛИНК.

ГЕНЕРАЦИЈА 2018.
Дваесет и пет екипи засега се на ранг-листата на оваа генерација. Пласманот на врвот на табелата не се менуваше и изгледа вака:

1. FK VODNO, Скопје
2. FC MONDANO, Скопје
3. FK OSK FER PLEJ, Охрид
4. (оваа позиција ја делат 2 екипи) FK FORCA, Скопје и FK PARTIZAN FUDBAL KIDS, Скопје

Интересно е тоа што само FK VODNO и FK OSK FER PLEJ освоиле бодови на по 3 турнири, додека сите останати екипи тоа го направиле на помал број турнири. Затоа и во оваа генерација е можно пласманот на екипите многу лесно да се промени, бидејќи бодовните разлики се исклучително мали.

Може ли до промена да дојде уште во ноември? Ќе следиме заедно, на ОВОЈ ЛИНК.

ГЕНЕРАЦИЈА 2019.
Дваесет и четири екипи се на табелата на генерацијата најмалечки, помлади од осум години, а пласманот на првите пет е следниот:

1. FK KUMANOVO EUROSPORT
2. FC YOUNG TEAM, Струга
3. GFK NEGOTINO
4. FK BIDŽO, Куманово
5. FK PARTIZAN FUDBAL KIDS, Скопје

Интересно е што и тука FC YOUNG TEAM е екипата што освојувала АФТ бодови на најмногу турнири (3), а само уште 4 екипи го направиле тоа на по 2 турнири. Останатите 20 клубови имаат бодови од само по еден турнир.

ЛИНК за следење на оваа генерација можете да искористите кога и да посакате.

ГЕНЕРАЦИЈА 2020.
Би сакале да пишуваме за промените во рамките на генерацијата најмлади дечиња што ги следиме оваа сезона, но во Северна Македонија сè уште немало турнири за ова годиште

Или ние не знаеме за нив. Во секој случај, ние сме трпеливи, а малите фудбалери, помлади од 7 години, нека уживаат во играта и дружењето, а за АФТ бодовите и рангирањето ќе имаат време да размислуваат.

 

Comments

You must be signed in to leave a comment.
Sign in Sign up

There are no comments yet. Be the first!

Share

RANKING