Latest News

04.11.2026.

AFT СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА: ПРВИТЕ ДЕНОВИ НА НОЕМВРИ

Naslovna slika AFT Ranking AFT Severna Makedonija

Мирниот викенд во Северна Македонија го одбележа крајот на октомври и почетокот на ноември. Се одржа само еден турнир, во Скопје, поточно во Бадровци.

Турнирот под името „Идни Ѕвезди“ беше организиран за првпат, во организација на ФК ЛЕПЕНЕЦ, и собра 13 екипи од генерацијата 2018.

Така, единствените промени на ранг-листите се случија токму во оваа генерација. Но, да ги провериме и останатите генерации, како што би рекле Англичаните: „just in case“.


ГЕНЕРАЦИЈА 2014.
Како што веќе нагласивме, промени во пласманот на 28-те екипи кои се наоѓаат на табелата во оваа генерација – нема, па пласманот на екипите на првите пет позиции е следниот:

1. EUROSPORT, Куманово
2. YOUNG TEAM, Струга
3. ARSIMI, Гостивар
4. (три екипи ја делат петтата позиција) BIDŽO, Куманово, BUTEL 2017, Скопје и ФК БЕЛАСИЦА, Струмица

Интересен детал за оваа недела е тоа што само 3 екипи од првите десет на табелата досега освојувале „злато“ во текот на оваа сезона. Тоа се: YOUNG TEAM (Струга) – на FER PLEJ CUP, FC MARADONA (Штип) – на ZORAN NEDEV – FELER KUP и AP BRERA (Струмица) на MOBELIX CUP.

Овој факт ни покажува колку се изедначени екипите и дека во оваа генерација деца во Северна Македонија поважен е континуитетот на добрите резултати отколку успехот на само еден турнир.

Пронајдете и вие нешто што ви е интересно на ОВОЈ ЛИНК, па известете нè за каква интересна појава станува збор.

ГЕНЕРАЦИЈА 2015.
Ниту тука немаше промени во пласманот, а еве кои се (моментално) водечките екипи:

1. (две екипи го „чуваат“ самиот врв) BOREC JUNIOR, Велес и PARK CITY, Скопје
2. FORCA, Скопје
3. (три екипи ја делат четвртата позиција) EVROFUDBAL, Охрид; YOUNG TEAM и ФК ПЕЛИСТЕР, Битола

Триесет и една екипа досега има освоено AFT бодови, но разликата меѓу водечките три екипи и останатите на табелата е многу поизразена отколку во претходната генерација.

Нам ни беше интересно да забележиме дека првите три екипи досега собрале вкупно 495 бодови, а преостанатите 7 (од првите десет на табелата) заедно имаат – исто толку!

Пронајдете и вие нешто што ви е интересно на ОВОЈ ЛИНК, па да видиме кој има „подобро око“ за детали.

ГЕНЕРАЦИЈА 2016.
Да, тука (исто така) сè е исто како и претходниот викенд, во пласманот на првите 5 екипи:

1. AF ALEXANDRO, Скопје
2. ULTRAS KIDS, Струга
3. ШФ GROZDANOSKI, Скопје
4. YOUNG TEAM, Струга
5. FORCA, Скопје

Всушност, сите 26 екипи кои ја сочинуваат табелата во оваа генерација се на „своето место“. И тука откривме една интересна работа – само 2 екипи од сите на ранг-листата освоиле бодови надвор од Северна Македонија, а ниту една од нив на домашни турнири.

Сите останати ги освоиле своите бодови – исклучиво во Северна Македонија.

Нема да ви ги откриеме имињата на тие екипи, туку ви нудиме ЛИНК на кој можете сами да проверите дали сме во право.

ГЕНЕРАЦИЈА 2017.
Табелата е иста, а на врвот се:

1. YOUNG TEAM, Струга
2. AERODROM, Скопје
3. AZZURI KIDS, Радовиш
4. FORCA, Скопје
5. EDEN NA EDEN, Могила

Од 35-те екипи кои освоиле AFT бодови, интересно е да се спомене еден детаљ кој се однесува на првите десет екипи.

Имено, ако внимателно ја погледнете нашата табела, ќе забележите дека секоја парна позиција (во првите 10) е „резервирана“ за екипи од Скопје – односно, AERODROM, FORCA, AF ALEXANDRO, ШФ GROZDANOSKI и ФШ GLIGOROV NIKOLA се на второто, четвртото, шестото, осмото и десеттото место во оваа генерација (иако ФШ GLIGOROV NIKOLA, всушност, ја дели деветтата позиција, но немојте никому да му кажете, за да не ни ја расипете „финтата“).

Дали во наредните недели и месеци ќе се појават нови интересни детали, редовно проверувајте на ОВОЈ ЛИНК.

ГЕНЕРАЦИЈА 2018.
Иако во оваа генерација сè уште има 25 екипи кои освоиле AFT бодови, единствено тука имаше промени во текот на изминатиот викенд.

Како што споменавме во воведот, станува збор за турнирот ИДНИ ЅВЕЗДИ, а сите екипи кои освоиле бодови на него се од Скопје: FC SHKUPI (1 AFT бод), FC NEW STARS (3 бодови и „бронза“), ФК VODNO (5 бодови и „сребро“) и AKADEMIJA 8 (шампионски пехар и 10 AFT бодови).

Интересно за денес е тоа што екипата ФК VODNO е единствената која (во оваа генерација) има освоено медали на три различни турнири.

Што се однесува до првите пет екипи, пласманот изгледа вака:

1. ФК VODNO, Скопје
2. MONDANO, Скопје
3. FER PLEJ, Охрид
4. (оваа позиција ја делат 2 екипи) FORCA, Скопје и PARTIZAN FUDBAL KIDS, Скопје

На ОВОЈ ЛИНК се наоѓаат пласманот и бодовите на сите екипи од оваа генерација, па слободно проверувајте ги кога и да посакате.

ГЕНЕРАЦИЈА 2019.
Немаше турнир, немаше ниту промени на врвот:

1. EUROSPORT, Куманово
2. YOUNG TEAM, Струга
3. NEGOTINO
4. BIDŽO, Куманово
5. PARTIZAN FUDBAL KIDS, Скопје

Еве уште една интересна работа и за оваа генерација – како најмлада во која имаме екипи кои освоиле AFT бодови (иако не и најмлада во AFT системот) – и за генерацијата 2014, најстарата во нашиот систем.

Имено, во двете овие „гранични“ генерации, на првите четири позиции НЕМА екипи од Скопје, а на првата и четвртата позиција се екипи од Куманово. Светска завера, убедени сме во тоа!

Но, ако не ни верувате на збор, проверете на ОВОЈ ЛИНК дали сме биле во право и каков е пласманот на 24-те екипи во оваа генерација.

ГЕНЕРАЦИЈА 2020.
Минатата недела го напишавме следново:

„Кај оваа генерација сè ни е интересно, бидејќи се најмлади и најмногу ни се прираснати за срце, но немаме за што да пишуваме. Никој нема освоено AFT бодови и не сме евидентирале турнири за оваа генерација. Нема врска, нивното време допрва доаѓа и за нив допрва ќе пишуваме, а (засега) нека тренираат, играат и уживаат.“

А оваа недела цврсто стоиме зад она што го напишавме...

Comments

You must be signed in to leave a comment.
Sign in Sign up

There are no comments yet. Be the first!

Share

RANKING