Секако, и овој пат во Скопје гостуваа фудбалски великани како
Anderleht, Dinamo, Zvezda, Partizan, Vojvodina и уште многу
квалитетни екипи од различни европски земји, но овој настан е, пред сè,
прилика младите фудбалери од цела Македонија да покажат колку е
големо нивното спортско срце и колку добар детски фудбал се игра во земјата „каде вечното Сонце сјае".
Затоа, уште еднаш (пред да преминеме на конкретните „турбуленции" што овој турнир ги предизвика во детскиот фудбалски свет), да оддадеме признание на
Школата за фудбал Grozdanoski, која, под покровителство на
општина Илинден и во соработка со ЈКП Илинден, успеа низ неколку месеци
голема работа и посветеност да организира вака величествен настан.
А веруваме дека не било лесно, бидејќи фактот дека за времето на турнирот беа ангажирани:
· 50 волонтери· 35 судии· 30 лица во обезбедување· 20 лица задолжени за храна· 10 медицински лица· 20 лица за транспорт· 20 лица за логистика· 15 лица во маркетинг и промоцијаговори сам за себе. Затоа ILINDEN, навистина, претставува
ЕЛИТЕН ТУРНИР со кој треба да се гордее целата
Северна Македонија.
А сега, малку статистика, која се однесува на учинокот на екипите. Колку турнирот бил борбен, неизвесен и квалитетен, ни кажува и фактот дека дури 16 екипи успеаја да се домогнат до медали (од кои имаше вкупно 18, во 6 возрасни категории).
Пласманот на сите тие екипи можете да го видите ТУКА, а еве како тоа влијаеше врз промените на македонската AFT листа по генерации:
Генерација 2014 (U13) По турнирот, меѓу првите 20 екипи на ранг-листата на оваа генерација, се
појавија дури 7 нови екипи. На прво место,
EUROSPORT, а зад него и
BELASICA, BUTEL 2017, FORCA, COOL, AERODROM и LIBRA KIDS.
Сите тие ги искористија бодовите од овој турнир за да „скокнат" во нашиот извештај, а нивните сегашни позиции, како и пласманот на останатите екипи во оваа генерација, можете да ги видите
ТУКА
Генерација 2015 (U12) Слична приказна и за оваа генерација. Екипи како
PARK, BOREC JUNIOR, AF ALEXANDRO, MARADONA, BELASICA и NEW STARS го извојуваа своето место меѓу првите 20 екипи, пред сè благодарение на бодовите од
ILINDEN CUP (а некои од нив и од COOL CUP, одржан во првиот септемвриски викенд, исто така во Скопје).
Најмногу така „профитираше" екипата
PARK, која се прослави со прво место на ILINDEN (во многу силна конкуренција), а веднаш зад неа и
FORCA и
BOREC JUNIOR, кои освоија второ и трето место на истиот турнир.
Токму овие три екипи, иако во нешто изменет редослед, го сочинуваат самиот врв на оваа неделна ранг-листа. Но, за да не ни верувате на збор, уверете се и сами, токму
ТУКА
Генерација 2016 (U11) Бодовите од веќе
споменатите 2 турнири доведоа до промени и
меѓу првите 20 екипи во генерацијата на најмалите под 11 години.
Така, сега на таа листа се наоѓаат
AERODROM и
PARK, но и
PARTIZAN FUDBAL KIDS, додека
AF ALEXANDRO (со освојувањето второ место на ILINDEN) стигна на самиот врв. Веднаш зад него е
FORCA (на трето место на ранг-листата),
која на истиот турнир стигна до четвртфинале.
Впрочем, зошто само ние да зборуваме, проверете и сами каде кој се наоѓа оваа недела, на
ОВОЈ ЛИНК
Генерација 2017 (U10) Дали ќе се изненадите ако и тука нагласиме дека по минатиот и овој викенд (благодарение на, знаете веќе, кои турнири) некои екипи одлучија да се „вгнездат" меѓу првите 20?
Станува збор за екипите:
AERODROM, BUTEL 2017, AKADEMIJA 8, LIBRA KIDS, FORCA, PANDEV и KAREV.
Најмногу од нив „полета"
AERODROM (иако аеродромите не летаат, но дозволете ни малку „поетска слобода"), кој сега е на прво место во оваа генерација заедно со екипата
EDEN NA EDEN – па ќе се обидат вистински (во текот на следните недели) да го решат прашањето која е најдобрата екипа на генерацијата „еден на еден", или пак врвот да го препуштат на некој трет.
Ќе видиме наскоро, а можете да видите и вие, ако го следите
ОВОЈ ЛИНК
Генерација 2018 (U9)MONDANO, FŠ GROZDANOSKI, VARDAR, AKADEMIJA 8, PARTIZAN FUDBAL KIDS, NEW STARS, SHKUPI, GLIGOROV, BIDŽO, ARSIMI и PANDEV се „нови лица" на нашата ранг-листа оваа недела. Ќе претпоставите од каде „донеле" бодови, но она што е уште поважно е
дека сега на табелата има дури 23 екипи, па „борбата" меѓу најмалите под 9 години станува многу поинтересна.
Веруваме дека досегашниот лидер
VODNO сега ќе мора уште подобро да игра на наредните турнири, за да го задржи водечкото место во оваа генерација.
Во секој случај, следете ја оваа интересна „трка" заедно со нас токму
ТУКА, бидејќи (моментално) има малку бодови во игра, па секоја нова победа е важна.
Генерација 2019 (U8) Последната генерација во која
ILINDEN направи „дар-мар" по прашањето на пласманот на екипите, е токму оваа.
Дури 8 екипи го најдоа своето место меѓу првите 10 – па така
EUROSPORT, BIDŽO, PARTIZAN FUDBAL KIDS(
освојувачи на првите три места на ILINDEN), но и
YOUNG TEAM, FORCA, AF ALEXANDRO, COOL и AKADEMIJA 8 ја „презедоа" оваа генерација и сега (со право) се гордеат со своите добри игри во Скопје.
Нема да им го расипеме тоа, вие следете ги преку
ОВОЈ ЛИНК, а ние одиме на единствената генерација која не се натпреваруваше на ILINDEN минатиот викенд
Генерација 2020 (U7) Е, но тука сè уште нема никој на табелата.
Нема ранг-листа. Сè уште немало турнир за оваа генерација, или, можеби, ние не сме го регистрирале.
Затоа, јавете ни ако знаете дека е одржан некој или организирајте турнир за овие малечки.
Штета ќе биде да немаме за што да пишуваме за нив, кога тие се најсветлите ѕвездички на детскиот фудбал. Пред нив има уште многу години „трчање по топка", радост и заеднички успеси.
Затоа едвај чекаме да имаме за што да пишуваме и за нив.Еве, по (не баш) толку краток текст за промените на македонската
AFT ранг-листа, време е да си честитате што стигнавте до крај. Не знам дали спомнавме дека за ваков опширен преглед е виновен
ILINDEN, но верувам дека тоа веќе го знаете.
Ама, што „знаете" – бевте, игравте, уживавте во Скопје. И нека сте!
До следната прилика кога вака ќе ве „вгнавиме" – спортски поздрав од AFT тимот!