Она што го направи овој турнир посебно значаен е фактот што од оваа година Ilinden Cup го доби највисокиот
AFT ранг – се наоѓа во категоријата ELITE TOUR.
Како таков, на најдобро пласираните екипи им
донесе максимални 150 бодови за националната и регионалната
AFT ранг-листа, што сериозно го измени распоредот на табелата.
Учесниците покажаа извонредна мотивација, борбеност и спортски дух, а потврда за израмнетиот квалитет е фактот што дури
16 различни екипи освоија медали! Натпреварите беа исклучително неизвесни, а победниците се одлучуваа во самите завршници.
Најголем број AFT бодови
освоија екипите EUROSPORT (Куманово), ЦРВЕНА ЗВЕЗДА (Белград) и AF ALEXANDRO (Скопје), но разликите во конечниот пласман беа толку мали што ниедна екипа не може да се издвои како апсолутно доминантна.
Шампиони по генерации за 2026 година се:
• 2014: АПОЛОН (Крагуевац) • 2015: ПАРК (Скопје) • 2016: HAGEN 1911 (Хаген) • 2017: ЦРВЕНА ЗВЕЗДА (Белград) • 2018: ГНК ДИНАМО (Загреб) • 2019: EUROSPORT (Куманово)
Сите љубители на детскиот фудбал, како и комплетниот распоред по групи, саатници и конечниот пласман по генерации можат да ги погледнат на
ОВОЈ ЛИНК.
Овогодишниот Ilinden Cup во целост ги оправда високите очекувања. Организаторите од година во година покажуваат дека го подигаат нивото на организација,
правејќи го турнирот сè поквалитетен и помоќен бренд на регионот.
Домашните екипи од Македонија уште еднаш доказаа дека можат рамноправно да се носат и да се натпреваруваат со регионалните гиганти како
Црвена Звезда, Динамо и Војводина, но и со одличните тимови кои пристигнаа од другите европски земји.