Latest News

COOL CUP 2026: Домашните екипи доминираа во Скопје

Naslovna slika AFT Ranking Challenger tour AFT Severna Makedonija
Заврши деветтото издание на меѓународниот детски фудбалски турнир „COOL CUP 2026“, кој во организација на Фудбалски клуб „COOL“ се одржа од 5 до 7 септември во Кисела Вода, Скопје

 Оваа традиционална спортска манифестација, која се наоѓа во официјалниот календар на AFT CHALLENGER TOUR-от, ги собра младите фудбалски таленти во четири возрасни категории – генерации 2015, 2016, 2017 и 2018 година.

Со учество на вкупно 64 екипи, турнирот уште еднаш го потврди статусот на еден од најмасовните детски фудбалски настани во регионот, каде остварените резултати им донесоа на најдобрите тимови значајни бодови за AFT ранг-листата во новата сезона.

На теренот видовме врвен детски фудбал, а шампионските титули по генерации ги освоија:
•    2015 година: COOL (Скопје)
•    2016 година: FORCA (Скопје)
•    2017 година: Чукарички (Белград)
•    2018 година: FORCA (Скопје)


Може да се каже дека скопските екипи целосно доминираа на турнирот. Покрај освоените титули, дури три тима од Скопје – FORCA, BUTEL 2017 и PARK – освоија медали во по две возрасни категории, со што соодветно освоија и најголем број на AFT бодови на овој турнир.

ПЛАСМАНОТ НА НАЈДОБРИТЕ ЕКИПИ НА ТУРНИРОТ МОЖЕТЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ НА ОВОЈ ЛИНК.


Организацијата на турнирот беше на исклучително високо ниво, а сите присутни уживаа во прекрасната атмосфера, одличните натпревари и убавите фудбалски потези.

Покрај спортскиот дух и борбата за медали, меѓу сите учесници беа склопени нови пријателства и стекнати незаборавни искуства, што го направи овој настан уште еден прекрасен фудбалски викенд во Скопје.
Share

RANKING