Вториот „Мобеликс Куп" продолжи на терените
на Локомотива, каде што во викендот
од 4 до 6 септември настапија најдобрите екипи од
генерацијата 2014 (U13). Натпреварите се играа во
формат 11 на 11, а турнирот донесе силна конкуренција и квалитетен фудбал од самиот старт.
„Мобеликс Куп" е дел од официјалниот
АФТ календар, а токму генерацијата 2014 годинава влезе во АФТ бодувањето, за разлика од генерацијата 2013 која не се бодува оваа сезона.
Тоа на натпреварите во оваа категорија му даде дополнителна тежина, бидејќи резултатите директно се одразија на позицијата на екипите на
АФТ листата.