Latest News

COOL CUP 2026: Скопје домаќин на деветтото издание на меѓународниот детски фудбалски турнир

Naslovna slika AFT Ranking Challenger tour AFT Severna Makedonija
Во организација на Фудбалски клуб „COOL", во Кисела Вода, Скопје, од 5 до 7 септември 2026 година ќе се одржи деветтото издание на меѓународниот детски фудбалски турнир „COOL CUP". Турнирот, чиј мото е „Фудбалот нè спојува, дружењето нè прави семејство!", веќе девет години наназад собира млади фудбалски таленти под истиот кров, градејќи вистинско „Семејство Кул".

На турнирот учествуваат четири генерации – годишта 2015, 2016, 2017 и 2018, а во секоја генерација настапуваат по 16 екипи. Со вкупно 64 тима на турнирот, „COOL CUP" го потврдува статусот на еден од најмасовните детски фудбалски настани во земјава.

И покрај тоа што најголемиот дел од учесниците доаѓаат од Македонија, турнирот со право носи меѓународен предзнак. Годинава на терените во Кисела Вода ќе настапи и ФК Чукарички од Србија, додека минатата година на турнирот учествуваа ФК Партизан од Србија и НК Осијек од Хрватска. Ваквото присуство на реномирани клубови од регионот дополнително го подигнува квалитетот на натпреварувањето и им дава на младите фудбалери можност да се мерат со врсници од различни фудбалски школи и традиции.

„COOL CUP" се наоѓа и во официјалниот календар на AFT CHALLENGER TOUR-от, па остварените резултати, на најдобрите екипи, им носат бодови на AFT ранг-листата во сезоната која штотуку започна. На овој начин, скопскиот турнир, покрај спортскиот и дружбарски карактер, добива и дополнителна натпреварувачка тежина за сите селекции кои почетокот на септември ќе го дочекаат во Кисела Вода.

Организаторот ги повикува сите љубители на фудбалот да дојдат на терените, да ги проследат натпреварите и да ги бодрат своите омилени екипи. За најмладите фудбалери, „COOL CUP" претставува вистинска прилика да се, покрај натпреварувањето во спортот што го сакаат, дружат со врсници од други клубови и држави, стекнуваат нови пријателства и искуства кои остануваат многу подолго од самиот резултат на теренот.
Share

RANKING