Latest News

Илинден Куп на прагот: за 10 дена Скопје станува центар на младинскиот фудбал

Naslovna slika Elite tour AFT Ranking AFT Severna Makedonija
Само уште 10 дена делат од почетокот на новото издание на Илинден Куп, турнирот кој веќе години наназад собира дел од најдобрите младински екипи од регионот и Европа. Од 11 до 13 септември, теренитe во околината на Скопје повторно ќе бидат домаќини на голем број клубови и млади фудбалери кои ќе се борат за трофеј, но и за нешто повеќе од тоа.

Голем број клубови веќе ја потврдија својата пријава, а очекувањата се дека овогодишното издание ќе ја надмине конкуренцијата од претходните години. Со шест генерации кои настапуваат – од 2014 до 2019 година на раѓање – Илинден Куп повторно се профилира како еден од најсилните турнири од овој вид на просторот на Балканот.

Турнирот е дел од АФТ Елит Тур категоријата, највисокиот можен ранг во АФТ календарот, кој го делат само уште три турнири во регионот. Тоа значи дека најдобрите екипи на Илинден Куп ќе имаат можност да освојат огромен број АФТ бодови во новата сезона, што директно влијае на нивната позиција на АФТ листата.

Во изминатите изданија, на теренитe кај Скопје настапувале имиња како Партизан, Црвена звезда, Динамо Загреб, Андерлехт и многу други регионални и европски клубови – факт кој дополнително ја зголемува тежината на овој турнир.
Топ 5 екипи по освоени медали на досегашните изданија на турнирот:
1.    Партизан Белград – 5 злата, 0 сребра, 0 бронзи
2.    Тампа Кидс – 3 злата, 0 сребра, 0 бронзи
3.    Црвена звезда – 2 злата, 2 сребра, 1 бронза
4.    Форза Скопје – 1 злато, 1 сребро, 3 бронзи
5.    Куманово Еуроспорт – 1 злато, 1 сребро, 2 бронзи

Прашањето кое сега стои е дали некој од овие клубови ќе успее повторно да се искачи на тронот, или пак 2026 година ќе донесе сосема ново име на врвот. Одговорот стигнува веќе за 10 дена, во Скопје.
Share

RANKING