Latest News

ОХРИД Е СПРЕМЕН ЗА МЕЃУНАРОДЕН СПЕКТАКУЛ: 15. ФЕР ПЛЕЈ КУП ГИ СОБИРА БИДЕЈЌИ ШАМПИОНИ

Naslovna slika Masters tour
Јубилејното, 15-то издание на престижниот меѓународен турнир „Фер Плеј Куп“ ќе се одржи од 20 до 23 август 2026 година во прекрасниот амбиент на Охрид, на терените на СРЦ „Билјанини Извори“.

Турнирот веќе долги години ги собира најдобрите млади фудбалски таленти од регионот и странство, овозможувајќи им можност да ги одмерат силите во одлични услови.

И оваа година интересот е голем, а на турнирот се очекува настап на голем број квалитетни екипи од Македонија, но и од Албанија, Црна Гора, Србија и други земји од регионот. Меѓународниот карактер на „Фер Плеј Куп“ повторно ќе донесе силна конкуренција и натпревари во кои младите фудбалери ќе имаат можност да стекнат ново искуство и да се покажат на голема сцена.

На овој линк погледнете ги комплетните резултати од пролетното издание на „Фер Плеј Куп“ – кој триумфираше, а кој беше чекор до трофејот?

На овогодишниот турнир ќе настапуваат екипи распоредени во шест генерациски категории – од 2013 до 2018 година.

Натпреварувањето е организирано според следниот формат и систем на игра:
• Генерации 2013 и 2014: систем 8+1
• Генерации 2015, 2016, 2017 и 2018: систем 6+1

Сите натпревари ќе траат 2 × 15 минути, што гарантира динамична игра, многу темпо и возбудливи дуели на теренот.

Како дел од официјалниот АФТ календар на турнири во рангот Masters Tour, 15. „Фер Плеј Куп“ носи и дополнително натпреварувачко значење. Екипите и младите фудбалери, покрај борбата за престижните пехари и медали, ќе се борат и за вредни АФТ бодови кои директно влијаат на нивниот пласман на АФТ ранг-листи.

Пријавувањето за турнирот е отворено до 14 август, кога официјално се затвораат пријавите за учество.

Организаторите најавуваат одличен спортски амбиент, квалитетни натпревари и одлични услови на терените на СРЦ „Билјанини Извори“, а покрај фудбалот, учесниците ги очекува и незаборавно дружење на брегот на Охридското Езеро.

Со оглед на бројот и квалитетот на најавените учесници, 15. „Фер Плеј Куп“ и оваа година има потенцијал да донесе вистински меѓународен фудбалски спектакл во Охрид.
Share

RANKING