Во самиот врв се најде и AP Бrera од Струмица со освоени 90 бодови.
Четвртото место го освои скопскиот Shkupi со 80 бодови и едно освоено прво место на турнирите, додека Eurosport од Куманово ја заокружи сезоната на петтата позиција со 70 освоени бодови.
На шестото место се најде Young Team од Струга со 55 бодови, додека седмото место му припадна на Kožuf од Гевгелија со 50 бодови.
Долниот дел од Top 10 табелата го комплетираа Azzurri Kids од Радовиш со 45 бодови, Uskana од Кичево со 45 бодови и Vodno од Скопје со 40 освоени бодови.
Конечен пласман на Top 10 екипите од генерацијата 2018 во Северна Македонија:
1. New Stars (Скопје) – 135 бодови
2. Mondano (Скопје) – 120 бодови
3. АП Брера (Струмица) – 90 бодови
4. Shkupi (Скопје) – 80 бодови
5. Eurosport (Куманово) – 70 бодови
6. Young Team (Струга) – 55 бодови
7. Kožuf (Гевгелија) – 50 бодови
8. Azzurri Kids (Радовиш) – 45 бодови
8. Uskana (Кичево) – 45 бодови
10. Vodno (Скопје) – 40 бодови
Сепак, најубавата победа оваа сезона не се мери само со табели и пехари, туку со искуствата и насмевките кои овие осумгодишни фудбалери ги понесоа со себе.
Секој одигран натпревар ги учеше на спортски дух, фер-плеј и тимска работа, додека новите пријателства и заедничките моменти останаа како највреден трофеј за сите учесници.