Latest News

СПОРТСКИ СКТАКЛ ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА: Заврши првото издание на меѓународниот детски фудбалски турнир „Рударски Куп 2026

Naslovna slika
Македонска Каменица во јуни беше центарот на детскиот фудбал во регионот. Во организација на ФК Каменица Саса, на 13 и 14 јуни успешно и на највисоко организациско ниво заврши првото издание на меѓународниот детски фудбалски турнир „Рударски Куп 2026“.

Во текот на двата натпреварувачки дена, во четири возрасни категории, околу 500 млади фудбалски таленти од Србија, Бугарија и бројни градови ширум Македонија ги покажаа своите фудбалски вештини на Градскиот и Помошниот стадион во Македонска Каменица.

Публиката имаше можност да ужива во многу прекрасни акции, атрактивни голови, одлични одбрани, голема борбеност и спортски дух. Децата го покажаа најдоброто од себе на теренот, а нивната желба за игра и љубов кон фудбалот беа вистински украс на турнирот.

Турнирот е во официјалниот АФТ календар на турнири, па така екипите, освен за престижниот трофеј, се бореа и за вредни АФТ поени и место на АФТ листата.

Освојувачи и најдобри поединци по генерации:

Генерација 2014:
Освојувач (1 место): Куманово Еуроспорт
Најдобар голман: Илија Трајанов (Детонит Плачковица)
Најдобар играч: Давид Докмановиќ (Куманово Еуроспорт)

Генерација 2015/16:
Освојувач (1 место): Вардар
Најдобар голман: Лукијан Стефановски (Борец Јуниор)
Најдобар играч: Дамјан Арсовски (Вардар)

Генерација 2017/18:
Освојувач (1 место): Брера Струмица
Најдобар голман: Лукијан Кралевски (ФА Христов)
Најдобар играч: Маркијан Милковски (Брера Струмица)

Генерација 2019:
Освојувач (1 место): Куманово Еуроспорт
Најдобар голман: Михаил Чиплаковски (Каменица Саса)
Најдобар играч: Евгениј Димчевски (Куманово Еуроспорт)

Комплетниот поредок и сите освоени АФТ бодови можете да ги погледнете на следниот ЛИНК

Ова беа два дена исполнети со спорт, дружење, нови пријателства и прекрасни спомени, со надеж дека „Рударски Куп“ ќе прерасне во традиција и од година во година ќе биде уште поголем и уште подобар спортски настан.

RANKING