Latest News

ОХРИД ПОВТОРНО Е ДОМАЌИН НА „NEXT LEVEL TOURNAMENT“ – ЕДЕН ОД НАЈСИЛНИТЕ ТУРНИРИ ВО РЕГИОНОТ

Naslovna slika
Македонскиот бисер Охрид деновиве дише во знакот на младинскиот фудбал.

Во организација на „ФК Некст Левел“, градот е домаќин на новото масовно издание на меѓународниот турнир „Next Level Tournament 2026“, кој привлече силни регионални екипи и бројни фудбалски таленти.

Она што на овој турнир му дава дополнителна тежина е фактот што истиот е дел од официјалниот календар на АФТ (Association of football tournaments). Младите фудбалери, покрај престижните пехари, водат жестока битка и за вредни АФТ поени кои директно влијаат на нивната позиција на регионалната AFT ранг-листа.

Формати и возрасни категории

На турнирот учествуваат децата родени од 2010 до 2018 година, поделени во вкупно осум возрасни категории:

U16 и U14 (генерации 2010 и 2012) – класичен фудбал на големи терени.

U13 (генерација 2013) – се игра во формат 8+1 (димензии 55x40м).

U12 и U11 (генерации 2014 и 2015) – привлечен формат 7+1 (терен 45x30м).

U10, U9 и U8 (генерации 2016-2018) – најмлади категории во формат 6+1 за воведување во фудбалскиот свет.

Возбудливи мечеви под рефлектори
Натпреварите кои се играат во попладневните и вечерните термини под рефлектори веќе донесоа голем интензитет. На терените во Охрид во моментов е вистинска „кошница“ и се играат серија натпревари во сите категории.

Како краток пресек од моменталната состојба, во категоријата U10 сигурен старт фаќаат Даниловград и Ултрас, кај U12 се истакнуваат Соко Звезда и Еврофудбал, додека кај U11 нијанси одлучуваат во дуелите како оној меѓу Лацио и Вилјареал.

Нашата редакција будно го следи целиот турнир, а сите резултати во живо, распоредот и освоените АFT поени за сите екипи можете да ги следите на ОВОЈ ЛИНК.

Врвна организација и поддршка
Турнирот е поддржан од Општина Охрид, Црвениот крст и бројни спонзори. Гостите и екипите се сместени во врвните охридски хотели со што настанот дава и силен поттик на локалниот туризам. „ФК Некст Левел“ уште еднаш покажа како се организира настан по европски стандарди.

RANKING